Дали знаете дека на лицето му треба правилна нега и масажа!

Маска со банани

Бананите изобилуваат со витамин А, Б и Е, како и цинк, железо, магнезиум и калиум. Ова овошје ја омекнува кожата и ѝ дава свеж и чист изглед.

Подготовка: изгмечете една зрела банана, додадете една супена лажичка мед и една лажичка маслиново масло. Вака подготвената маска нанесете ја на лицето, оставете да делува десет минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска со куркума

Овој популарен зачин сè почесто го наоѓа своето место помеѓу козметичките производи, бидејќи содржи голем број на антиоксиданси кои помагаат против воспаленијата и првите знаци на стареење.

Подготовка: едноставно направете паста од една лажичка куркума и малку вода – добро промешајте и нанесете рамномерно на целото лице. Оставете да делува околу 15 минути, а потоа исплакнете со студена вода. Оваа маска нанесувајте ја еднаш неделно за еластична и мека кожа.

Маска со јогурт и јагоди

Јагодите се одлични за лицето бидејќи успешно ги отстрануваат мртвите клетки од површината и себумот кој ги затвора порите. Исто така, тие ја подобруваат циркулацијата и ѝ даваат свеж изглед на кожата.

Подготовка: испасирајте неколку јагоди со вилушка и помешајте ги со малку јогурт. Вака подготвената маска нанесете ја на чисто лице, оставете да делува пет до десет минути, а потоа исплакнете со млака вода

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.