Десет мажи од Македонија за два месеци се заразиле со ХИВ вирусот
Изминатите два месеци биле пријавени 10 нови случаи на заразени со ХИВ/СИДА. Во април Институтот за јавно здравје регистрирал седум случаи и тоа сите од машки пол. Во однос на возраста, пет лица се од 20-29 и по едно лице од 30-39 и 40-49 години. Според местото на живеење на пријавените, пет од нив се од Скопје и по еден од Струмица и Штип. Три случаи биле евидентирани во мај и повторно сите се мажи на возраст од 20 до 39 години. Двајца од нив се од Скопје а еден од Тетово.
Согласно евиденцијата на пријавените случаи (заклучно со 31.05.2017), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА за периодот 1987–2017 изнесува 336, при што:
- лица болни од СИДА – 181
- ХИВ позитивни лица – 155
- починати лица – 83,
- лица кои живеат со ХИВ/СИДА – 253.