Ако сакате да се ослободите од 2-3 килограми, за вас е оваа диета!
Ако треба да симнете само 2-3 килограми, ви препорачуваме нова хит диета, базирана на вода, со која на здрав начин ќе ги изгубите несаканите килограми.
Ако сакате да се ослободите од вишокот на килограми од проблематичните подрачја, ова е вистинска диета за вас. Со помош на водената диета можете да изгубите половина килограм на ден.
Меѓутоа, на ваков режим на исхрана не смеете да бидете постојано, туку секој втор ден. И тоа, не долготрајно, туку само повремено, а идеално би било, еднаш неделно.
Појадок
Голема чаша вода, чај или природен сок. Овошје и сок можете да јадете и да пиете колку сакате.
Ужина
Голема чаша вода, чај или природен сок. Неколку плодови овошје, комбинирајте различни видови.
Ручек
Голема чаша вода пред јадење и чај после јадење. Менито се состои од сиров зеленчук во количина по ваша желба, со додаток на оцет, масло, лимон и зачини. На салатата можете да и додадете и маслинки. Дозволен зеленчук се артичоките, целерот, зелената салата, морковот, пиперките, краставиците, кромидот, пченката, доматите.
Ужина
Голема чаша вода, чај или природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 грама сирење или парче овошје.
Вечера
Голема чаша вода пред јадење и чај после јадење. Оброкот треба да содржи 100 грама месо (пилешко, телешко) или 150 грама риба (ослиќ) или едно јајце со зеленчук и овошје.