Зошто треба да јадете дуња?

Дуњата е исклучително лековито овошје. Лековит е плодот, листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести.

Од витамини највеќе има витамин Ц, но и многу каротен ( провитамин А ), витамин Б1 и Б2, како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.

Дуњата треба да се користи како лек, или како помошно лековито средство кога се во прашање следните болести и тегоби: акни, анемија, болести на грлото и носот (крајници), бронхитис, грчеви во желудник, грип и настинка, дијареа, егзема, лош здив, инфекции на кожата, зајакнување на имунитетот, кашлица, нервоза, несоница, изгореници, проблеми со желудникот и органите за варење, проблеми со кожни болести, разни инфекции, воспаление на органите за дишење, го забрзува зараснувањето на раните.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.