Колку сон им се потребни на тинејџерите?
Недостигот од сон е најголемиот здравствен проблем на тинејџерите, кој еднакво влијае на нив и на нивната околина, тврдат научниците.
Светската здравствена организација процени дека децата секои десет години влегуваат во пубертет три месеци порано, па, така, сега тинејџерската возраст почнува меѓу 9-та и 12-та година. Многубројните физички и психички промени во тој период, според истражувањата, најизразени се типичното тинејџерско однесување, срамежливоста, нетрпеливоста кон родителите, а сето тоа е предизвикано, меѓу другото и од недоволното количество сон. Ретки се оние што спијат по десетина часа, колку што им се потребни на нивното тело и ум, додека еден просечен тинејџер спие само околу 6 часа.
Затоа повеќето тинејџери имаат намалена концентрација и паметење, емоционално се нестабилни и повеќе се склони кон депресија, а имаат и зголемено агресивно и арогантно однесување. Кај нив има поголем ризик од несмасност и повреди, проблеми со кожата, поголема потреба од нездрава храна, кофеински и енергетски напивки, поголем ризик од злоупотреба на дрога…
Затоа не е препорачливо пред спиење да се чита или да се гледа нешто што може да предизвика страв или будење. Подобро е еден час пред да си легнете да не гледате во никакви екрани, бидејќи емитуваат сино светло, кое спречува синтеза на хормони неопходни за здрав сон.