И повеќе сало и висок крвен притисок ако јадете брзо!
Проблемите со метаболизмот можат да бидат разни како што се дијабетес, собирање на масно ткиво околу стомакот, високо ниво на холестерол и покачен крвен притисок.
Вакви проблеми може да настанат доколку храната ја конзумирате многу брзо , бидејќи правите флуктуација на нивото на шеќерот во крвта, што може да резултира со инсулинска резистенција. – пренесува Independent.
Глукозата е најзначајниот извор на енергија кој што е потребен за работата на мускулите и за сите останати процеси во организмот вклучувајќи ја и работата на мозокот.