Видливи симптоми за појава на рак на простата
Најран знак кој може да укаже на рак на простата е крв во урината.
Крвта која е јасно воочлива во урината може да биде розова, црвена или со боја на кока-кола и слични напитоци.
Крварењето не мора да биде болно, но кога ќе се појави неопходно е да се посети доктор.
Самата појава на крв во урината, сепак, не мора и автоматски да значи и појава на рак на простата.
Показател може да биде и слаб млаз при мокрење, како и тоа ако ви е потребно повеќе време за овој процес од претходно.
На рак на простата можат да укажат и проблеми со ерекција.
Знаејќи дека простата има централна улога во репродуктивниот систем кај мажите, симптомите на рак можат да предизвикаат и болни ејакулации.
Простата е жлезда, со големина на мандарина.
Причината за појава на рак на простата не е сосема позната. Ризикот од појава на ова заболување се зголемува со годините и староста кај мажите.
Болеста се развива многу споро, па многу луѓе можат со децении да живеат без симптоми и потреба за третман.
Кога ќе се дијагностицира, ракот може да биде отстранет со хируршка интервенција, како и лечен со хормонска и радиотерапија.