Кој алкохол најмногу штети на кожата?

Доктор по дерматологија Сем Бунтинг открива кои се пијалоци кои треба да се одбегнуваат доколку не сакате да и наштетите на вашата кожа.

Текила

Таа има помалку шекер од повеќето други алкохолни пијалоци и помали се шансите дека од неа ќе добиете бубулици. Кога пиете текила прескокнете ја солта бидејќи така вашиот мамурук ќе биде послаб.

Пиво

Пивото содржи антиоксиданти кои се добри за кожата и имаат антиејџ дејство. Содржи малку алкохол од други пијалоци па луѓето го пијат бавно и малку ја дехидрира кожата.

Џин тоник и вотка

Џин и Вотка не содржат токсини кои настануваат при ферментација на алкохолот па шансите за мамурлук кај нив нема . Имаат ниско ниво на шекер, па помешани со диетален тоник нема многу да ви наштети.

Бело вино

Ако ова е ваш омилен пијалок, тогаш главоболка следниот ден не ви гине. Последиците се видливи на кожата бидејќи белото вино има многу шеќер којпредизвикува црвенило , бубулици и го забрзува создавање на брчки. Нема никакви благотворни дејства на кожата.

Мохито

Коктелите се зло за кожата бидејќи се полни со шеќери. Што помалку шеќер содржи алкохолоттоа е помала шанса за создавање брчки. Мохитото е еден од најголемите непријатели на младолик изглед меѓу пијалоците. Предизвикува акни и го зголемува инсулинот во телото.

Маргарита

Таа е двојно опасна за кожата – содржи многу шеќер и во комбинација со сол го забрзува стареењето на кожата и го дуе стомакот.

Црно вино

Алкохолот предизвикува ширење на крвните садови што доведува до појачано црвенило на кожата, пишува index.hr.
Црното вино е едно од најголемите виновници за такво нешто меѓу алкохолните пијалоци, како и за појава на акни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.