Породувањето е поболно доколку имате недостиг на витамин Д
Истражување во САД сугерира дека ниската концентрација на витаминот Д во крвта е поврзано со поболно породување. Ниската концентрација на витаминот Д е често во бременоста, посебно кај вегетаријанките и жените кои се недоволно изложени на сончеви зраци.
Истражувањето се заснова на податоците од 93 бремени жени кај кои концентрацијата на витаминот Д бил проверен пред породувањето и кои примиле епидурална анестезија.
Истражувачите од Кедарс-Синаи Медикал Центар во Лос Анџелес утврдиле дека жените кои имале најмала концентрацијата на витаминот Д во крвта добиле најмногу лекови против болки. Лекарите наведуваат дека превенцијата од недостаток на витаминот Д во крвта би имало значителен ефект во намалување на болките за време на породувањето.