Жени, водете љубов барем еднаш неделно и нема да зажалите

Сексуалните односи го успоруваат стареењето кај жените, дури и ако не уживаат во интимноста, се наведува во едно ново истражување.

Активностите „под јоргани“ барем еднаш неделно го зголемуваат нивото на теломерите кај жените. Оваа алка на ДНК ланецот е поврзана со побавно стареење. Теломерите кај жените се продолжуваат во текот на водење на љубов, без оглед на тоа дали жената е сексуално задоволна во таа врска, се тврди во студијата.

Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија веруваат дека сексот го успорува стареењето, бидејќи го намалува нивото на стрес и го зајакнува имуниот систем. Тие ја анализирале физичката интимност, поддршката или конфликтот на партнерите, задоволството во врската и нивото на стресот кај 129 мајки во долги врски. Земени се примероци од крв за да го измерат нивото на теломерот.

Откриено е дека жените кои имаат секс барем еднаш неделно имаат значително подолги теломери.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.