Како да препознаете менингитис кај дете?

273

Поради се поголемата изложеност на бактерии на базените и во реките, децата од менингитис често заболуваат во текот на летните месеци, а еве како може да ја препознаете оваа состојба.

Вирусите, кои го предизвикуваат менингитисот претежно стигнуваат преку респираторните или органите за варење. Нечисти раце, загадена вода во базените и реките или контакт со заразена плунка се главните виновници на оваа состојба.

Детето наеднаш станува тромаво, безволно, го боли главата, му пречат бучавата и светлото, повраќа и нема сила да стане од креветот.

На овие симптоми може да им претходат знаци на инфекција на дишните органи – течење на носот и кашлање или на дигестивните органи – повраќање и дијареа, иако е можно менингитисот да се појави и без претходна најава.

Доколку ги забележите овие симптоми, задолжително одведете го детето на лекар, бидејќи ситуацијата може брзо да се искомплицира. Лекувањето е најчесто болничко. Но со цел ништо од ова да не се случи најдобро е да ја спречите појавата на менингитис со добра хигиена, избегнување на нечисти базени и плажи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.