Од оваа храна и пијалоци пожолтуваат забите!
Исто како што постои храна која помаи белеење на забите, така постои и храна која доведува до пожолтување на забите и нивно расипување. Се разбира за блескава насмевка, таквите производи треба да бидат исфрлени од менито.
Мраз – Иако мразот е омилен во лето, тој ја зголемува осетливоста на забите што доведува до нивно побрзо расипување. Наместо да го чувате во уста, почекајте да се растопи во чаша.
Алкохол – Алкохолните пијалаци ја сушат устата. Поради тоа доаѓа до орални инфекции и болести.
Цитрус – Многу здрав но прекумерното јадење може да ја оштети забната глеѓ. Најдобро е после цитрус да испиете и чаша вода.
Кофеински пијалаци – Кафето не е штетно за здравјето на забите, но неизбежно остава жолтеникава пигментацијата. Тоа може да се отстрани, но нема помош ако додадете премногу шеќер во кафето. Тогаш опасноста е поголема.
Газирани пијалоци – омилената Кока-Кола изобилува со шеќер. Ако се претерува со пиење во устата се развиваат многу бактерии кои се хранат со шеќерот. Се создава и киселина од која забите се поподложни на распаѓање.
Суво овошје – сушеното овошје има ист ефект на забите како бонбони. Со оглед на големата количина на шеќер, остатоци се задржуваат на забите подолго од другите остатоци од храна.