Една чашка ракија дневно за подобро здравје!

346

Многумина знаат дека ракијата е здрава и по неколку чашки од жестокиот пијалок позитивно влијаат на здравјето. Тоа го потврдија и некои медицински истражувања. Докажано е дека умереното пиење на алкохол го зголемува добриот, а го снижува лошиот холестерол. Оние пак кои пијат ракија поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести.

Една чаша ракија го лечи воспалението на внатрешниот ѕид на крвните садови во кои постои масни наслаги кои можат да предизвикаат срцев удар. Исто така го забававува и создавањето на тромб и го забрзува неговото распаѓање ако веќе го има. Умерено пиење значи 1-2 пијалоци кои содржат десет грама алкохол. Тоа одговара ба кригла пиво и чаша вино. За трудници не се препорачува.

Од друга страна, претерувањето со пиење алкохол може да го оштети срцевиот мускул и да предизвика грчење на периферните крвни садови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.