Едно лице почина од триесетината повредени во превртениот автобус кај Велес

387

Во врска со тешката сообраќајна несреќа на патот Велес-Скопје министерството за здравство информираше дека на Универзитетската клиника за хируршки болести Св Наум Охридски, се примени шест лица, од кои еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност.
Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност.
Во клиничкиот центар Мајка Тереза се донесени вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент со абдоминално крварење, еден со сериозна торакална повреда и двајца со повреди на градниот кош.
Еден од повредените им подлегнал на повредите.
-Еден пациент на детска хирургија, внесен итно на операција
-Двајца пациенти на Неврохирургија, примени на опсервација
-Седум на ортопедија, примена на опсервација
-Тројца повредени се во моментов на опсервација во Ургентниот хируршки центар
Во Градската болница “8 Септември” примен е само еден пациент со сериозни повреди, но е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.