Катерина Ставриќ на местото на Софијанова на Детска клиника
Министерот за здравство вчера ја назначил др. Катерина Ставриќ за нов директор на Клиника за детски болести. Од директорската функција си оди Аспазија Софијанова која повеќе од 6 години директоруваше со установата. Ставриќ е педијатар имунолог и шеф на катедра за семејна медицина на Медицинскиот факултет.
Министерот Таравари кажа дека потпишал уште десетина решенија за разрешување на досегашни директори и именување нови. Нови менаџери добија и клиниките за абдоменална хирургија, максилофацијална хирургија , Институтот за трансфузиологија, како и Клиничката болница Битола и општите болници во Велес и Кавадарци.