Што треба да јадете за да немате кршливи нокти?
Доколку сакате да ги зајакнете вашите нокти и да го забрзате нивниот раст, треба да јадете храна што е богата со протеини.
Протеините се неопходни за производство на кератин, кој покрај калциумот, селенот, сумпорот и калиумот ги создава ноктите.
Најдобри извори на протеин се: месото, млечните производи, јајцата, рибата, мешунките, семките и јаткастите плодови.
За здрави нокти важен е и внесот на витамин Б, особено биотинот, што се наоѓа во јагодите, малиние, бадемите, оревите и другите јаткасти плодови, како и во месото, јајцата и рибата.
Исто така и витаминот Б-12 е важен за убаавиот изглед на ноктите.