Што е поздраво, бел или црн леб?

Најновото истражување донело изненадувачки резултати кога бел леб на кришки споредиле со црн леб со житарки од цели зрна.

Тие го следеле нивото на масти и холестерол кај луѓето кои јаделе и заклучиле дека меѓу овие два видови на луѓе не постои разлика кога е нашето здравје во прашање – иако сите мислиме дека едниот е поздрав.

За да добијат точни резултати, 20 луѓе биле поделени на две групи кои едната недела јаделе бел леб а потоа црн. Потоа со помош на тестови на крв  мереле количина на витамини и минерали, масти и холестерол.

На нивно големо изненадување, резултатите не се разликувале и едниот вид на леб не бил поздрав од другиот, пишува The Sun.

“Очекувавме огромни разлики во резултатите помеѓу белиот и црниот леб, но немаше никакви промени кои може да покажат дека едниот леб е поздрав од другиот за нашето здравје”, изјавила Бриџер Бенелам од Нутритувната фондација на Велика Британија

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.