Докажано: Вегетаријанците живеат подолго!

Калифорниски научници по речиси шест години истражување и анализирање на навиките за исхрана на 73.000 луѓе дошле до резултати дека вегетаријанците помалку заболуваат од болести кои можат да предизвикаат прерана смрт.-Со вегетаријанската исхрана се намалува внесувањето на храна која го зголемува ризикот од болести на срцето, бубрезите и тип 2 дијабетес – вели водечкиот истражувач на студијата. Намалување на внесот на месо значи зголемување на внесот на овошје и зеленчук, кои треба да бидат основа за здрава исхрана. Така вегетаријанците го намалуваат ризикот од предвремена смрт.

Во текот на студијата околу 2570 луѓе починале, но вегетаријанците имале 12 отсто помал ризик од прерана смрт. Научниците откриле дека вегетаријанците имаат помали шанси од добивање на дијабетес или откажување на бубрезите. Наодите, исто така, покажале дека 19 отсто од вегетаријанците имаат помали шанси да умрат од болести на срцето, но не и од рак, кај оваа болест шансите биле подеднакви и кај двете групи.

Вегетаријанците во голема мера внесуваат диетални влакна па научниците веруваат дека ова е главната причина за намалување на ризикот од предвремена смрт. Ако ги следите сите инструкции на експертите, вегетаријанската исхрана може да биде одлична за здравјето. Важно е да се внесуваат сите потребни хранливи состојки и ако има потреба да се бараат и во додатоците за исхрана.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.