Колку се штетни високите потпетици?

250

По еден час, шест минути и 48 секунди носење на високи потпетици, нозете почнуваат да болат. За 20 отсто чуствителни жени таа болка доаѓа многу порано, поточно околу десет минути после носењето, открива најновото истражување.

Повеќе од третина од испитаничките изјавиле дека во текот на ноќните излегувања нозете толку болат што дома се враќале боси. Истражувањето на Колеџот од Подиатри во кое учествувале повеќе од две илјади луѓе, се укажува на тоа дека високите потпетици се поштетни отколку што се мислело.

Ортопоедот, Мике О’Неил предупредува дека ситуацијата дополнително се влошува бидејќи многу жени носи чевли помал број што пак доведува до сериозни оштетувања на коските и нервите.

– Апсолутно нема сомнение дека жените поради високите потпетици го загрозуваат своето здравје и тоа во име на модата. Кога би требало да избираат меѓу модерните потпетици или здрави и убави нозе, многу од жените би ги одбрале потпетиците, истакна О’Неил.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.