Што може да предизвика менопаузата кај жените?

Жените во менопауза често се жалат дека стануваат расеани, а сега научниците потврдија дека тоа не се само изговори. Околу 25 проценти од жените поради хормоналните промени имаат големи проблеми со концентрацијата и меморијата, заклучија експертите на Меѓународната конференција за репродуктивно здравје.
Анализата на повеќе студии покажала дека меморијата и способноста да се концентрираат може да се намали за 40 проценти, што е причината зошто жените имаат тешкотии во вршењето на секојдневните обврски.
– Падот на нивото на естроген во комбинација со несоница поради ноќните топлотни удари предизвикуваат проблеми со меморијата и когнитивните способности, велат научници од Универзитетот во Мелбурн.
Според нив меморијата и концентрацијата и кај помладите жени зависи од времето на циклусот, и когнитивните способности се на највисоко ниво пред овулација.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.