Колку луѓе ја имаат оваа лоша навика?

380

Двојно повеќе мажи од жени ги мијат рацете само со вода а еден од пет луѓе по одење во тоалет не ги мијат рацете , покажале резултатите од истражувањето на британска компанија за хигиена. Според истражувањето , околу 10 проценти од луѓето по тоалет само ги мијат рацете со вода што не е доволно за да ги отстранат опасните бактерии.
Проблемот не е само за да се избегне миењето на рацете и не користењето на сапун, туку фактот дека околу 40 отсто од луѓето ги мијат рацете помалку од 10 секунди. За рацете да бидат навистина чисти треба да се мијат и тријат со сапун околу 20 секунди , велат експертите. Најголемата опасност доаѓа од бактеријата E. coli како и бројни други бактерии кои се наоѓаат на површините во тоалетите како и на кваките.
Здравствените препораки се миење на рацете осум до десет пати на ден, но само една третина од луѓето го практикуваат тоа.
– Лошата хигиена шири болест, и секој еден од нас , во просек, преку рацете пренесува околу 10 милиони бактерии. Миење на рацете е најефективниот начин за здравјето, велат британски експерти за хигиена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.