Која нација јаде најмногу чоколадо?

Германците трошат 11,6 килограми чоколадо годишно по жител, а Британците 9,7 килограми, пишува францускиот весник Фигаро.

На овој список, објавен по повод одржувањето на 19. Салон на чоколадото во Париз, третопласирани се Данците, кои годишно јадат по 8,1 килограм чоколадо, а следуваат Белгијците со просечна годишна потрошувачка од 7,66 килограми по жител.

На петто место се Естонците со 7,11 килограми, а на шесто Финците со 6,8 килограми.

Французите, на седмо место јадат во просек по 6,5 килограми чоколадо годишно, а за нив е карактеристично тоа што далеку повеќе од останатите Европјани конзумираат црно чоколадо, кое е со 30 отсто застапено во вкупната потрошувачка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.