Од газирани пијалоци страдаат бубрезите!
Газираните пијалаци го зголемуваат нивото на сол во крвта и го загрозуваат здравјето на бубрезите, покажало истражувањето на јапонскиот Факултет за медицина при Универзитетот во Осака спроведено на 8000 луѓе. Тие предизвикуваат бубрезите претерано да лаќат протеини кои се неопходни за организмот.
Научниците ги поделиле испитаницитењ во три групи – првата не пиеле газирани пијалоци, втората пиеле по еден пијалок на ден, а третата по два. По само три дена, 10,7 отсто во третата група добиле протеинурија, прекумерно лачење на протеини во урината. Слични резултати имало и во втората група. Неодамнешни истражувања исто така покажале дека шеќерот од газираните пијалоци ја зголемува чувствителноста на бубрезите за ангиотензин II, протеин кој го регулира нивото на сол. Со тоа се спречува враќање на сол во бубрезите и е ризик од појава на од дијабетес, дебелина, заболување на бубрезите и висок крвен притисок.