Дали умереното пиење алкохол може да го зајакне имунитетот?
Едно ново истражување на британски научници покажа дека умереното конзумирање на алкохол може да го зајакне имунолошкиот систем и да ги направи вакцините поефикасни, а со тоа и да се зголеми способноста на телото да се бори против инфекции.
Истражувачите се надеваат дека ова истражување ќе помогне во зголемувањето на ефикасноста на вакцините како и подобро разбирање на начинот на имунолошкиот систем.
Претходните истражувања веќе покажаа дека умереното консумирање алкохол е поврзано со пониска смртност. Сепак, ова е прв пат истражување да покаже дека умерено пиење може да го зголеми имунолошкиот одговор на вакцината.
Истражувањето било спроведено меѓу животни кои научниците прво ги вакцинирале па им дале алкохол. Оние кои конзумирале во умерени количини покажале зголемен одговор на вакцината.
-За просечен човек, една чаша вино со вечерата го подобрува здравјето , а особено состојбата на кардиоваскуларниот систем. сега на тоа може да го додадеме и имунолошкиот систем, изјавил еден од истражувачите.