Колку сол дневно треба да консумирате за да немате ризик од срцев удар?

185

Само два грама на сол помалку дневно би можеле да спречат пет проценти од сите срцеви и 6 проценти од мозочни удари годишно, откриле научници од Универзитетот во Вагенинген во Холандија. Според британските проценки , пак, тоа би значело 13.000 срцеви и 5.000 мозочни удари годишно помалку. речиси двојно се зголемува внесот на сол за време на празниците и тоа во износ од 11 грама на ден по лице.
Препорачаната дневна доза е 6 грама сол на ден, но и понатаму се внесува повеќе и тоа околу 8,6 грама. Истражувачите укажуваат дека производителите на преработена храна може многу да помогнат со намалување на сол во неа , како и сендвичарите.
Прекумерна доза на сол е главен ризик фактор за висок крвен притисок , кој води до срцеви заболувања и мозочен удар. Ова мало намалување од 2 грама е значајно за долгорочно влијание врз намалување на крвниот притисок. Според проценките на научниците, еден од 20 срцеви и и еден од 16 мозочни удари би можеле да бидат спречени целосно. Единствениот начин за сега е потрошувачите да избегнуваат многу солена храна и во нивната исхрана да користат помалку сол.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.