Кои болести ги предизвикуваат стресот и нервозата?
Во рок од два часа по нападите на бес, ризикот за срцев удар е петпаи зголемен а за мозочен три пати, покажале анализите на податоците од девет истражувања направени над стотина луѓе. Американски експерти објаснуваат дека честите изливи на бес го зголемуваат ризикот за срцев и мозочен удар. Сметаат дека се потребни темелни анализи за проучување на овие врски како и тоа дали техниките за борба против стресот можат да помогнат за избегнување на овие компликации. Ризикот е уште поголем кај лицата кои имаат и претходни срцеви заболувања. Според истражувањата, пет епизоди на бес во денот може да резултира со 158 дополнителни срцеви удари годишно на секои 10.000 жители и тоа во групата со низок кардиоваскуларен ризик, и дури 657 дополнителни напад во групата со висок кардиоваскуларен ризик. Механизмот како доаѓа до бесот не епознат, но експертите велат дека хроничниот стрес е фактор што доведува до зголемување на крвниот притисок. Но исто така, луѓето се справуваат со стресот на лош начин – со пушење или голема количина на алкохол.