Знаете ли кои болести може да ги добиете од бакнување?
Ова се болестите кои можете да ги добиете токму преку бакнување:
- Било кој респираторен вирус
Настинка, грип, заушки и рубеола. Покрај со бакнување, овие болести може да се пренесат и со кашлање и допирање.
2. Мононуклеоза
Најчесто е предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус и е проследена со умор и симптоми слични на грип. Најчести жртви на оваа болест се лицата меѓу 15 и 30 години.
3. Вирус херпес симплекс
Станува збор за орален херпес кој предизвикува инфекција на устата и лицето. Обично се пренесува преку бакнување, но и преку заразена храна, кашлање и кивање.
4. Наследен херпес
Вообичаено телото може да се избори со него а лицата кои го имаат воопшто и не знаат дека го имаат во себе, но штом нивниот имунитет се намали, тогаш се забележуваат и првите симптоми. Температура, умор и болки во мускулите се најчестите симптоми, а понекогаш може да дојде и до појава на воспаление на белите дробови, енцефалитис и проблеми со видот.
5.Стрептокока
Лесно се лечи со антибиотици, но ако не се лечи може да доведе до воспаление на белите дробови