Внимавајте: По десетина пациенти дневно со алергија на очите завршуваат на Очната клиника

По десетина граѓани со алергија на очите дневно завршуваат на Клиниката за очни болести. Лекарска помош бараат и млади и стари. На офталмологија имаат и случаи со алергиски реакции кај успешно оперирани пациенти.
-Се повеќе доаѓаат пациенти кои ги покажуваат своите симптоми и имаат чувство на пецкање и грепкање на очите итн. И црвенилото кај алергиитене е толку големо како кај инфекциите, но карактеристично е што со сезонски алергиски реакции имаме и пациенти кои успешно сме ги оперирале, изјави асс.д-р Ирина Богданова, од Клиниката за очни болести.
Според лекарите зголемениот број на пациенти овој период е поради поленот од дрвјата и цветањето на тревата.
-Има два вида на алергии на очите, сезонски и целогодишен конјуктивит. Сезонскиот е овој период поради бројните алергени кои ќи има во природата, а целогодишниот е поради прашоната и аерозагадувањето, додаде асс. д-р Богданова.
Не само со алергија, периодов на очната клиника имаат зголемен број на пациенти и со инфекција на очите.
– Поради сличните симптоми на алергија и инфекција, сите граѓани кои имаат солзење, печење или оток околу очите задолжително да побараат помош од офталмолог, а не да користат капки на своја рака.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.