Водич за родители – Кога да го бањате бебето, зошто никнувањето на заби боли

242

Просторијата да е светла, често проветрувана и температурата да биде од 22 до 23 степени. Ова се основните услови неопходни при првото доаѓање на бебето во домот. Секојдневното капење не е неопходно а кога се изведува овој ритуал, родителите можат да му пеат на новороденчето за тоа да биде пријатен чин за сите. Овие сегменти се содржани во првиот водич за родители, каде со стручните совети од педијатри, медицински сестри и акушерки  е опфатено се она што треба да го знаат мајката и таткото за растот на нивното дете до три годишна возраст.

– Превентивата е клуч на јавното здравје. Патронажната служба е дел од превентивните служби и е во нераскинлива врска со превентивните тимови кои го следат растот и развојот на детето и ја вршат имунизацијата. Патронажната сестра е онаа која по раѓањето на детето е прва која влегува во домот на секое семејство и покрај грижата и совети како да се постапува со новороденото во првите денови, таа ја гледа и атмосферата и средината каде тоа дете треба да расте и да се развива, изјави др. Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен Дом Скопје.

Во водичот се опфатени теми кои се најважни во првите три години од животот на детето. Колку е неопходна имунизацијата која ги штити од опасните заразни заболувања, дали напредувањето во висина и тежина, како и движењето на телото е во согласност со развојот на новороденчето и зошто никнувањето на забите кај некои бебиња е болно. Во подготовката на водичот учествуваа и претставници од УНИЦЕФ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.