Жени внимавајте, научно докажано кој орган најбрзо старее

 

Научно е докажано дека ниту лицето ниту вратот не стареат најбрзо, туку – градите.

Чувствителото и тенко ткиво на градите е најподложно на знаците на стареење.

Градите секојдневно се изложени на бројни фактори коишто можат да го поттикнат стареењето и да предивикаат нивна  „обесеност“. Пред сè, промените на големината на градите по губитокот и добивањето на килограми како и бременоста предизвикуват растегнување на кожата и ткивото што ја намалува еластичноста на кожата.

Друг голем непријател на кожата на вашите гради е сонцето кое значајно го забрзува стареењето на тој дел на телото и предизвикува кожата да ја изгуби еластичноста. На тоa му одат во прилог и модерните костими за капење со длабоко деколтиран горен дел кој кожата на градите ја изложуваат на штетните сончеви здраци. За да го спречите тоа, крем со заштитен фактор користете секој пат кога градите нема да ви бидат покриени (дури и кога нема сонце) или што повеќе носете маици кои целосно ги покриваат градите.

Дневната рутина на нега немојте да ја ограничите на лицето и вратот – проширете ја на градите и деколтето за да ја забавите појавата на првите знаци на стареење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.