Во охридскиот завод за кардиологија ќе третираат комплексни запушувања на крвни садови

148

Од денеска во Заводот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид ќе почнат со нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови (стенози).

– Методата се вика ротаблација за која се користи посебна апартура за таа намена и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои се воведуваат преку водилна коронарна жица и вршат еден вид на вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад , а потоа и поставување на стентови, информираат од Заводот за кардиологија.

Се работи за скапа процедура која се применува само во помал број на центри, а во Македонија се изведува само на Клиниката за кардиологија во Скопје. Стапката на утлизација на методата, како што се наведува, е околу 5 до 7 проценти од сите запушувања на срцевите артерии.

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид веќе четврта година се изведува и интраваскуларен ултразвук со кој може да се евалуира резултатот од стентирањето на ваквите комплексни запушувања.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.