Во март кај петмина мажи во Македонија била потврдена ХИВ инфекција

Минатиот месец во Институтот за јавно здравје регистрирале 5 нови случаи на  ХИВ/СИДА. Сите се од машки пол. Во однос на возраста, три лица се од 30-39 и по едно лице од 20-29 и 40-49 години. Според местото на живеење, пријавените се од Виница, Кавадарци, Струмица, Штип и Куманово. И во февруари, четворицата заразени со ХИВ биле мажи.

Согласно евиденцијата на пријавените случаи,  кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА за периодот 1987–2017 изнесува 326, при што:  лица болни од СИДА – 181, ХИВ позитивни лица – 145,  починати лица – 81, и  лица кои живеат со ХИВ/СИДА – 245. Во однос на другите сексуално преносливи инфекции, во текот на март се пријавени 29 случаи на инфекции предизвикани од хламидија и еден случај на сифилис.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.