Како да го намалите ризикот од појава на рак и срцев удар?

Возењето на велосипед за 50 проценти го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања. Петгодишното истражување меѓу 250. 000 Британци покажало уште дека одењето исто има познати предности пред седење во градскиот транспорт или патување со автомобил.
Научниците во Глазгов сметаат дека патувањето со велосипед треба да стане дел од работната рутина за разлика од одењето во теретана. Петгодишното истражување направило споредба помеѓу луѓе кои воделе активен начин на живот со учесници во претежно пасивна положба.
2430 учесници во истражувањето починале, 3748 биле дијагностицирани со рак, а 1110 имале срцеви проблеми. Но за време на истражувањето луѓето кои редовно користеле велосипед, го намалиле ризикот од смрт од секое едно заболување со 41%, од рак – со 45%, а од срцево заболување – со 46%.

Велосипедистите изминуваат во просек 48 километри неделно, но колку повеќе возеле, толку поголема била користа за нивното здравје. Одењето ги намалило шансите за развој на срцеви заболувања, но користа била најголема кај луѓето кои изминале повеќе од 9 километри неделно.

„Тоа е јасен доказ дека луѓето кои водат активен живот, најчесто возат велосипед, се изложени на помал ризик“, вели д-р Џејсон Џил од Универзитетот во Глазгов. Луѓето кои комбинирале возење велосипед со градски превоз, кога оделе на работа, исто така го подобриле здравјето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.