Зошто пиеме алкохол?

Пиењето алкохол може лесно да се објасни како резултат на милениумските ритуали и навики. Дали некогаш сте размислувале зошто всушност избирате да пиете?

Врз основа на мотивите, кои ги поттикнуваат луѓето да посегнуваат по чашката, истражувачи од Австралија прикажуваат четири основни типа алкохоличари, пишува „Дејли мејл“. Според нив луѓето пијат главно, за да се чувствуваат подобро (бидејќи е возбудливо), за да се справат (да заборават на фрустрациите), од социјални причини (за да се забавуваат и да слават) и од конформистички размислувања (за да се вклопат во околината).

Подобро разбирање на потребите во однос на алкохолот може да помогне за поттикнување на луѓето да пијат помалку или барем да го прават тоа побезопасен начин, сметаат авторите на студијата од универзитетот „Ла Троуб“ во Австралија.

Лично, секој може да нагласи еден куп мотиви за изборот да пие, што го отежнува разбирањето на причините. Сепак, науката има т.н. мотивационен модел за пиење, според кој луѓето пијат затоа што очекуваат да се чувствуваат поинаку. Особено, моделот објаснува дека поединците се потпираат на алкохол за да го зголемат позитивното чувство и да го намалат негативното.

Мотивацијата исто така е условена од фактори поврзани со психолошката награда. Тие можат да бидат внатрешни, на пример, подобрување на посакуваната емоционална состојба, или надворешни, на пример, да бараат социјално одобрување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.