Зошто може секс за една ноќ, а неверство не?
Се повеќе луѓе го почитуваат бракот и ставовите на тоа поле се се повеќе зацврстени и построги покажало истражувањето на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Речиси 70 отсто од жените и 63 отсто од мажите не одобруваат неверство што е речиси 20 отсто повеќе отколку во 1990 година.
Сепак, една петтина од мажите се уште смета дека сексот за една ноќ е нормален и прифатлив додека бројот на жени кои го одобруваат ваквото однесување се зголеми од пет на 13 проценти.
– Почитувањето и чесноста се важни во секој брак и луѓето конечно тоа го сватија. Не прифаќаат изневерување бидејќи имале можност да видат какви полседици остава тоа врз семејството и пријателите, стои во истражувањето.