Знаете ли дека амбалажата за брза храна е штетна по здравјето!
Помфритот, прженото пилешко или висиококалоричниот хамбургер може да бидат многу вкусни, но експертите секогаш предупредуваат дека брзата храна не е здрава.
Сепак, најновите истражувања покажуваат дека можеби повеќе би требало да се грижиме за штетноста на пакувањето во кое се наоѓа храната.
Хартијата и картоните во кои храната се послужува или пакува се прекриени со хемиски супстанци кои одбиваат маснотии, а соддржат и соединенија на флуор, покажа една нова студија објавена во весникот „Енвајронментал Сајнс енд Технолоџи Летерс“.
Соединенијата познати како пер- и полифлуороалкул супстанци (ПФАС) се постојани синтетички материјали од кои некои се доведуваат во врска со карциномот.
Хемиските соединенија од пакувањето преминуваат на храната, што значи дека од храната конзумираме и одредено количество на тие супстанци без оглед на тоа што не јадеме од пакуваното. Количеството на тие материи зависи од топлината на храната и времето кое таа го поминува пакувана.
По собраните околу 400 примерици храна од рестораните на брза храна во САД, истражувачите утврдиле дека 46 отсто од хартијата за пакување и 20 отсто од картонската амбалажа содржат флуор.
Исто така, откриено е дека 56 отсто од амбалажата за леб, пецива и колачи и 38 отсто од амбалажата за сендвичи содржи некакво флуорно соединение. Истовремено, таквите материи не се забележани на хартиените чаши.
Истражувањето покажа дека мрсните хамубргери не се најлоши, туку дека колачите и лебот се храна со која треба да се биде највнимателен. Исто така, особено треба да се биде внимателен со кутиите за пуканки.
Супстанците кои соддржат соединенија на флуор (ПФАС) можат да предизвикаат сериозни проблеми како што се намалување на плодноста, ослабен имунолошки систем, зголемен холестерол и поголем ризик од рак.
Таквите материи често можат да се најдат и во предметите како што се тавите и водоотпорните облеки, производите за чистење, бои, лакови, шампони, шминка и забниот каменец.