Зелениот чај може да предизвика оштетување на црниот дроб!
Екстрактот од зелен чај може да предизвика оштетување на црниот дроб, соопштено е од Европската агенција за безбедност на храна.
Покрај сите добри страни кои често му се препишуваат на зелениот чај при разни диети, секојдневното консумирање на овој чај може да биде штетно за црниот дроб, па дури да доведе и до негово откажување.
Виновици за тоа се полифенолите, кои се есенцијални молекули за физиологија на билките, важни за функции како раст и пигментација.
Се претпоставува дека штетната доза изнесува околу 800 милиграми дневно, но се уште нема потврда околу безбедната дневна доза.
Предупредувањето од Европската агенција за безбедност на храна дојде откако канадски колеги побараа поостри проверки, а целото тоа започна поради случај со еден тинејџер кој земал таблети од зелен чај, а сега му треба дијализа на црниот дроб.
Во последните неколку години во медицинските магазини се појавија се повеќе случаи во кои луѓето имаат големи проблеми со црниот дроб, а главна причина за тоа биле токму таблетите од зелениот чај.
Така, еден маж од Австралија заврши на трансплантација на црниот дроб.
Во заклучокот од Европската агенција за безбедност на храна, стои дека зелениот чај во нормални количини е добар за здравјето, но со негово претерување би можело да дојде до лоши последици по здравјето.