Заушки, морбили, инфекција со ХиБ – И во март заболени 14 деца од болести за кои има задолжителна имунизација!

Во текот на февруари, регистрирани се вкупно 14 лица со заболувања против кои се спроведува задолжителна имунизација  Пријавени се 9 лица со вирусен хепатит Б, од нив 8 случаи согласно Календарот за имунизација не подлежат на вакцинација и не се вакцинирани. Пријавен е и еден случај на 11-месечно дете од Струга, хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Детето е родено од HBsАg позитивна мајка, вакцинирано согласно Календар за имунизација. Во текот на март регистрирани се 3 нови случаи на мали сипаници. Едно лице е на возраст под една година, странски државјанин од Косово на привремен престој во Охрид кое не подлежи на вакцинација. Другото лице е на 4 – годишна возраст од Скопје, вакцинирано со една доза МРП вакцина, дијагнозата е поставена клинички. Трето лице е на возраст од 24 години, од Скопје, вакцинирано со две дози на МРП вакцина. Во месец март, пријавено е едно лице со заразни заушки од Охрид, на возраст од 30 години. Во однос на вакциналниот статус лицето е вакцинирано со две дози на МРП, а дијагнозата е поставена клинички. Регистриран е и еден случај на инфекција со ХиБ кај 5-месечно дете од Скопје, кое не вакцинирано против ХиБ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.