За здраво срце добро е да се пие по една кригла пиво на ден!

Една кригла пиво на ден може да го подобри здравјето на срцето, бидејќи ги прави артериите флексибилни и ја зголемува циркулацијата. Ова е резултат од истражувањето на грчкиот универзитет Harkopio.
Според истражувањето, умереното пиење пиво е многу корисно за организмот, а ефектот на подобар проток на крвтта е веќе видлив во рок од три часа. Податоците покажуваат дека пиењето пиво на ден го намалува ризикот од срцев удар за една третина, додека пак, безалкохолни пиво го нема тој ефект.
Научниците го тестирале подоброто снабдување со крв до срцето преку вкочанетоста на аортата, која по пиењето на пиво станува пофлексибилна. Тие веруваат дека добриот ефект на пивото врз циркулаторниот систем го прави комбинацијата на антиоксиданси и алкохол а темното пиво има уште подобар ефект од светлото.
Сепак, научниците со предупредување, не треба да се претерува со алкохол секој ден, затоа што тогаш тој има спротивен ефект врз здравјето и придонесува за развој на разни болести.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.