Смеењето го подобрува здравјето!

222

Прегратката која трае 20 секунди го намалува крвниот притисок, масажата дејствува подобро и од лековите а смеењето и играњето доведуваат до лачење на хормоните за задоволство. Експерти велат не е тајна дека смеењето е една форма на внатрешно џогирање со кое се активираат многу мускули, ја лекува депресијата, болките во грбот а дејствува и како масажа на лицето, по што кожата станува повеќе еластична и помлада. Како и секоја вистинска физичка активност може да доведе до 120 отчукувања во минута. Смеењето го зголемува нивото на хормоните за задоволство а ги намалува хормоните за стрес. Депресивните и анксиозни луѓе кога ќе успеат да се насмеат чуствуваат големо олеснување.

– Смеењето може да помогне во лекувањето на многу болести, а не само депресија. Несоница, дигестивни нарушувања и други сериозни болести може да се ублажат со насмевка. Дури доаѓа и до намалување на холестеролот во крвта поради нападите од смеење. Ако треба брз рецепт за расположение, експертите препорачуваат и смеење на сила бидејќи и глумењето насмевка овозможува активирање на мускулите. Но во случај никако да не можете да издејствувате насмевка на лицето некои лекари препорачуваат да се користат техниките на глумците.

Земете длабок здив и десет секунди задржувајте го. Дишете ритмички неколку пати со цел да го имитирате ритамот на смеењето. Оваа техника е позната кога глумците го применуваат громогласното смеење. А покрај смеењето за подобро расположение добро е и играњето. не само што ќе слушате добра музика и ќе согорите неколку калории, со играњето се стимулира рецепторот за задоволство во мозокот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.