За што најчесто граѓаните бараат лекарски совет на Ало докторе?

Вирози во средината на мај ги вжештија телефоните на Ало докторе. Мајки бараат помош од лекарите бидејќи нивното дете со денови имало многу висока температура и не им помага вообичаената терапија. Освен ваквата состојба  што е невообичаена за лекарите овој период, јавувања има и за алергии и стомачни вируси. Во ноќните часови на Ало докторе најчести се граѓаните кои поради временските промени имаат драстично варирање на крвниот притисок и бараат лекарски совет.

– Имаме зголемен број на јавувања на оние кои имаат промени со крвниот притисок. Или многу им се качува или пак има многу симнување, односно, варира и бараат помош и совет кој лек да го пијат. Доколку станува збор за многу висок крвен притисок, тогаш ги препраќаме на Брза Помош, дежурните служби или пак кај матичните за да им направат промена во терапијата, вели др. Анита Симјановска од Ало докторе.

Дежурните лекари во Ало докторе велат дека стандардно, секој ден имаат јавувања и од хронично болните кои имаат најголема мака од променливото време. Очекуваат тој тренд да продолжи и наредната недела бидејќи метеоролозите најавија нов пад на температурата.

-Со отворањето на линијата Ало докторе во септември 2014, досега над 170. 000 граѓани побарале лекарски совет. Неделно има од 1200 до 1300 јавувања.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.