Во Македонија има потреба од двојно повеќе медицински сестри!

275

Само во ГОБ “8 септември” имаат потреба од двојно поголем број медицински сестри. Редовно вработени се 312, а за нормално функционирање на болницата недостигаат уште 180 сестри. Поради овој проблем се затвораат одделенија и се редуцираат операции.
– ГОБ „8 Септември“ има недостиг од 180 медицински сестри, а во моментов во болницата има 312 медицински сестри во редовен работен однос. Има околу илјада вработени од кои 270 лекари, што значи дека по ниту еден стандард не е во моментов,, изјави м-р Гордана Бешлиовска, главна сестра во ГОБ 8 септември и претседател на здружението “За нас”.
Не само во оваа здравствена установа со ист проблем се соочуваат речиси сите болници во државата. Од новоформираното здружение “За нас” велат дека дефицитот е поради одливот на ваков кадар во странство, но и нерешениот статус на голем број сестри кои се со договор на дело или волонтираат. На меѓународниот ден на сестринството најавија формирање на комора преку која ќе ги бараат нивните права, пред се реално плаќање на трудот.
– Сестрите во колективниот договор се препознаени паушално и нашата цел е формирање сестринска комора. Сметаме дека со формирањето на комората како правен субјект ќе ги отвориме сите прашања за решавање на статусот на нашите сестри и препознавање во колективните договори. Се додека во колективниот договор не ги добиеме правилните бодирања на нашето образование, не можеме да очекуваме во работните организации да добиеме правилно вреднување на нашата работа, , додаде М-р Гордана Бешлиовска, главна сестра во ГОБ 8 септември и претседател на здружението “За нас”.
Медицинските сестри се едногласни дека без нив лекарите неможат ниту да прегледаат пациент, а ниту да влезат во операциона сала.
Во моментот во Македонија има меѓу 7-8000 илјади медициснки сестри, а недостигот од средно медицински персонал е двојно поголем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.