За да го снижите холестеролот, да го сочувате срцето и да спречите рак…

Корисна студија што може многу да ви помогне

Истражувачите од Универзитетот на Источен Илиноис им поделиле ф’стаци на 140 студенти пред почетокот на предавањара.

На половина од испитаниците им дале ф’стаци со лушпи, а на другата половина исчистени. На крајот од предавањата испитаниците кои јаделе исчистени ф’стаци внеле просечно 211 калории.

Од друга страна, оние кои добиле ф’стаци во лушпа просечно консумирале 125 калории – што е дури 41 отсто помалку во однос на испитаниците од другата група. Изгледа како самиот чин на чистење на грицките да го забавил испитаниците, а призорот на оставените лушпи ги потсетил колку изеле и тука се појавило чувството на вина.

Овој психолошки ефект би можел да ви помгне во држењето на апетитот под контрола – барем кога станува збор за грицки. Иако истражувачите користеле ф’стаци во својот експеримент, тие тврдат дека резултатите можат да се применат и на слатки кои се завиткани во нешто.

А ако мислевте дека ф’стаците се вистинска зараза, можеби не треба да чувствувате толкава вина бидејќи сепак станува збор за здрава намирница доколку се јаде во ограничени количини. Имено, тие се поздрава алтернатива од чоколадите, чипсот или слатките.

Исто така, ако сакате да го снижите нивото на лошиот холестерол, да се заштитите од срцеви болести и да спречите карцином, секојдневно консумирајте по една рака ф’стациИмено, овие јаткасти плодови се преполни со антиоксиданси ги штитат клетките на организмот од слободните радикали. За разлика од другите јаткасти плодови, ф’стаците содржат поголема количина од диететскиот антиоксидант Лутеин, бетакаротен и гама-токоферол.

Бетакаротенот се претвара во витамин А кој спречува рак. Гама-токоферолот е чест облик на витамин Е кој штити од срцеви болести. Лутеинот е главна состојка на темно зелениот лиснат зеленчук, а важен е за видот и за здрава кожа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.