Внимавајте: Сунѓерите и мрежичките за капење може да предизвикаат инфекции на кожата!
Сунѓерите и мрежичките се чуваат во бањата, а таму поради топлината и влагата најлесно се размножуваат бактерии и се создава мувла. За среќа, постои начин како да ги избегнете проблемите.
Дерматолозите советуваат да ги менувате на два месеци за да се избегне натрупување на бактериите. А и сунѓерот или мрежичкта што ги користите во моментот можете да ги исчистите: навлажнете ги и ставете ги во микробранова печка 30-60 секунди на средна температура.
Потоа чувајте ги на суво место, по можност покрај прозорец.