Внимавајте: Храната може да биде и лек и отров!
Луѓето кои страдаат од алергии во пролет се борат со болки во грлото, течење на носот и кивање. Но, освен лекови, оваа состојба може да биде ублажена и со јадење односно избегнување на одреден вид на храна. Јаболката и јагодите се овошје кое е препорачано од експертите. Кората од јаболкаата содржи антиоксиданси кои го подобруваат капацитетот на белите дробови, а истите ги има и во портокалите, кромидот, доматите и јагодите . Таа исто така содржи многу витамин Ц, кој ефикасно штити од алергии. на второ место е црвеното грозје. Истражувањата од пред 5 години покажала дека медитеранската храна богата со состојки како што се црвеното грозје, јаболките и портокалите ги ублажуваат алергиските симптоми како затнат нос и болно грло. Се препорачува и топол чај. Експертите велат дека билните чаеви се најдобар избор и важно е да се пијат потопли за олеснето искажлување.
Од друга страна една од храната која треба да ја избегнуваат алергичните е целерот. Печењето во устата и грлото може да се должи и на алергии предизвикани од некој вид на овошје или зеленчук. Симптомите можат да се јават по јадење на целер, домати, праски, дињи или киви. Не се препорачува и зачинета храна. Затнат нос, солзи во очите или често кивање по зачинета храна и подуеност во стомакот? Бидете сигурни дека тоа е алергиска реакција на зачини. Инаку, тоа се должи на состојката капсацин која ја има во силните зачини. Единствен совет е избегнување на таква храна.