Оваа бактерија го уништува ракот!
Експерти од колеџот Алберт Ајнштајн при најновото истражување откриле дека ослабената форма на бактеријата “листерија” може да го победи ракот на панкреасот. Истражувањето кое било спроведено врз глувци дало позитивни резултати. Ова им дава надеж на сите болни од рак на панкреасот. Експерименталната терапија која се состоела од инфицирање на клетките на ракот со бактеријата “листерија” која емитува средство за уништување на тумурот се покажала успешна кај лабораториските глувци. Кај 90 проценти од глувците три недели по третманот не се појавиле знаци на ширење на канцерот. Засега не се воочени штетни ефекти од оваа терапија.