Со кој дел од телото се опседнати жените?

305

Сива коса, слаби нозе и криза на средните години… ништо од тоа не е најголемата грижа на жените. Тие најмногу се загрижени за изгледот на нивните раце. Истражувањето што го спровела компанијата Superdrug открило дека многу жени се плашат дали нивните раце со истакнати вени, тенка кожа и дамки ќе откријат колку навистина имаат години.

Една од осум испитани жени изјавила дека многу повеќе е загрижена за состојбата на рацете отколку за лицето, додека 36 отсто се загрижени за двете нешта подеднакво.

Додека за подмладување на лицето и другите делови на телото постојат инјекции и операции, за рацете не е таков случај. Всушност рацете се тие кои откриваат колку навистина имааме години.

Најголем загриженост предизвикуваат пегите кои жените се обидуваат да ги скријат со шминка, утврдено е во истражувањето.

Дерматолозите нагласуваат дека рацете константно се изложени на сите влијанија, од сонце до средства за чистење, а мнозинството не ги негуваат додека не биде доцна.

Но, Британската асоцијација на пластични хирурзи порача дека не треба да се очајува, затоа што постојат техники кои можат да ги скријат знаците кои ги издаваат годините.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.