Внимавајте – Ако имате недостаток од витамин Д постои опасност од една сериозна болест!

Недостатокот на витамин D, а не прекумерната тежина, е најверојатната причина за развој на дијабетес. Ова е резултатот од истражувањето на шпански медицински тим, цитиран од сајтот на британскиот  “Дејли експрес”.

Според експертите за превенција од опасниот втор вид дијабетес се важни најмногу почитувањето на здрава исхрана и движењето на отворено. Студијата би можело да доведе до третман што ќе може да го забави развојот на болеста. Според научниците постои врска помеѓу нивото на витамин D и способноста на организмот да се справи со гликозата.

 “Нашите откритија покажаа дека витаминот D се врзува многу повеќе со метаболизмот на гликозата, наместо со прекумерната тежина”, вели д-р Мануел Масиас-Гонзалес од Универзитетот во Малага. Според него дефицитот на витамини може да доведе освен до дијабетес, така и до други болести поврзани со метаболизмот.

Витамин D помага за контрола на калциумот во телото и одржување на мускулите и коските здрави, го регулира имунолошкиот систем и може да помогне во спречувањето на болести како егзема и астма. Тој се произведува најмногу при изложување на сончева светлина, но мали количини од него има и во рибинотомасло и јајца.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.