Владата одобри над 300 специјализации и субспецијализации за државното здравство!
На вчерашната седница, Владата одобри 240 специјализации и 115 субспецијализации.
Владата ја прифати програмата за изменување на програмата за потребите од специјалистички и субспецијалистички кадри согласно со мрежата на здравствени установи за 2018-та година.
Програмата е изготвена врз основа на податоците и консултациите со јавните здравствени установи во Република Македонија, кои потоа беа предмет на детална анализа за потребите од здравствениот кадар во сите јавни здравствени установи.
Реализација на оваа програма за потребите од специјалистички и субспецијалистички кадар, ќе овозможи обезбедување на потребниот број стручни кадри за нормално, квалитетно, ефикасно, континуирано, ефективно и рационално вршење на здравствените услуги во јавните здравствени установи.