ВИДЕО: Здрава е, ама ќе оди на еутаназија бидејќи сексот не е како претходно!
Здравата и витална Французинка Жаклин Женусел на 74 години планира во 2020 година за последен пат да разговара со мажот и тројцата синови.
Ќе го прослават нејзиниот 76-ти роденден, заедно ќе јадат и ќе пијат, а потоа планира да замине во Швајцарија, каде ќе ја еутанизираат.
Таа, како лекарка од организацијата „Lifecircle”, сака да и вбризгаат одредена доза потребна за да замине на “оној свет“.
Иако е потполно здрава, не сака повеќе да живее и сака да го заврши својот живот на 76 години.
„Размислував за се. Човек на 76 години е стар и веќе не целосно здрав, квалитетот на живот паѓа. Го гледам тоа по сексуалниот живот, кој не е така добар колку што јас би сакала“ – му рекла на новинарот на „Tempso”.
За неа, староста не е ништо повеќе од “неизлечлива болест која е фатална во сите случаи“.
Додала дека уживала во животот и сега сака да умре пред да го почувствува сето она што староста го носи.
„Не сакам наместо страсти во животот да почувствувам сожалување“ – изјавила и открила дека еутаназијата ќе ја плати 10.000 швајцарски франци и оти Франција не ја легализирала еутаназијата и затоа оди во Швајцарија.
Целата фамилија ја поддржува во одлуката и никој не ја спречува, а во моментов таа дава неброени интервјуа за својата одлука.